Што ли се случуваше во Италија? Меч завршен со 20-0 !?

Неверојатен резултат е постигнат денеска во Италија во Третата лига, на дуелот меѓу Кунео и Про Пјаченца на кој домашните славеа со неверојатно 20-0, а 16 од 20 погодоци Кунео ги постигна во првото полувреме.

Причините за овој тежок пораз на Про Пјаченца се сосема едноставни. Натпреварот го почнаа со само осум фудбалери на возраст од 16 до 19 години. Сето тоа го направија за да не бидат исфрлени од првенството.

Овој тим се наоѓа во огромни проблеми. Претходните три натпревари не ги одиграа, и во случај и сега да не се појавеа на терен автоматски ќе значеше исфрлување од првенството. Но, и покрај тоа што претходно им беа одземени и осум бода, се уште не сакаат да се откажат.

Интересно најпрво за мечот пријавија само седум фудбалери, а потоа пронајдоа уште еден колку што е неопходниот минимум. Натпреварот и малку доцнеше за да пристигне осмиот играч.

Се вчитува...