Што промаши Кокорин, никој не може да поверува (видео)

Зенит загуби уште два бода во трката за титулата во Русија откако избраниците на Роберто Манчини ремизираа на гостувањето против Алхмат во Грозни (0-0), меч на кој важеа за големи фаворити.

Трагичар на овој натпревар е Александар Кокорин, кој имаше неверојатно промашување во второто полувреме, кога од неполни пет метри и празна мрежа пред себе шутираше над гредата. Како? Не знае ни тој самиот, но ова неверојатно промашување го чини Зенит два бода.

Се вчитува...