Бразилецот Родриго има 29 официјални натпревари без постигнат гол за Реал Мадрид. Тоа е трета најдолга таква серија во историјата на клубот, дури и за фудбалер кој донел толку многу успех.
На 24 години, со 68 гола и 53 асистенции во 284 одиграни натпревари за Реал Мадрид, Родриго сигурно не може да се нарече неуспешен, напротив. Тој се вткаи во неколку трофеи во Лигата на шампионите и Ла Лига, но сега поминува низ тежок период под палката на Чаби Алонсо и тоа од втор, трет план.
Бразилското крило не постигнал гол на официјален натпревар за Реал Мадрид речиси девет месеци, од 4 март, кога постигна гол во победата од 2-1 против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Од тогаш, 29 официјални настапи во кои успеал да запише само три асистенции.
Ова е шокантна серија за фудбалер од таква вредност, трета најдолга во историјата на кралскиот клуб. Според статистиката, само Маријано Дијаз од напаѓачите на Реал имал подолг период на „сувост“, 30 едноподруго натпревари без гол, во кои одиграл вкупно 986 минути.
Според бројот на минути, 1.321, Родриго веќе го престигнал. Доколку не успее да постигне гол во следниот натпревар, против Олимпијакос во Лигата на шампионите, би се искачил на врвот на оваа кошмарна листа. Рафа Маранон, кој играше за Реал меѓу 1968 и 1974 година, е на второто место во класификацијата на „суви“ напаѓачи. А Маранон имал 29 последователни настапи без гол, но со повеќе минути на теренот од Родриго (1.416).
Родриго го изгуби статусот на стандарден првотимец во Реал Мадрид од пролетта, но неговата ситуација е дополнително искомплицирана со доаѓањето на Алонсо. Бразилецот започна само четири пати оваа сезона, а ниту еднаш не одигра цел натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

