Што се случи вчера: Спалети пак го избриша Икарди

Мауро Икарди тренираше со остатокот на тимот, но тоа не значеше и крај на „бурата“. Напротив, на Интер му се заканува нов хаос откако тренерот Спалети реши воопшто да не го вклучи доскорешниот капитен во тимот за дербито со Лацио. Лаутаро Мартинез е повреден, па се најавуваше дека Икарди ќе биде стартер на овој дуел, па токму затоа шокантно делува последната изјава на Спалети.

„На некој начин, добивме нов играч бидејќи долго време не беше со нас. Тренираше со тимот, но прво мораме да го вратиме во посакуваниот режим на однесување. Имајќи во предвид што се случи неодамна, како и вчерашната случка, тврдам дека тој се уште не е кадарен да им помогне на соиграчите“ – истакна Спалети, не откривајќи детали.

Што точно се случило вчера на тренингот на „нероаѕурите“ засега е тајна, но веќе е и повеќе од јасно дека бурата околу Мауро Икарди нема да се смири до крајот на сезонава, кога тој дефинитивно ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Се вчитува...