Што се случува со Реал? По Рамос, уште еден фудбалер го напушта клубот

Реал Мадрид и Серхио Рамос и официјално по 16 години ќе се разделат откако не најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката, но Шпанецот нема да биде единствениот играч од одбраната кој ќе го напушти тимот, бидејќи вакви најави има и за Рафаел Варан.

Французинот одбил две понуди од „кралскиот клуб“ за продолжување на соработката и нема намера да остане на „Сантијаго Бернабеу“. 28-годишникот се осеќа презаситено во мадридскиот клуб и бара нов предизвик по освојувањето на три титули во Шпанското првенство, четири ЛШ, по три трофеи во Суперкупот на Европа и Шпанија, пренесуваат шпанските медиуми.

Варан е во последната година од својот договор и сосема јасно е дека Реал Мадрид ќе мора да го продаде играчот доколку сака да заработи од него. За неговите услуги се заинтересирани ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси, но каде ќе заврши и за која цифра останува да видиме.

Како потсетување, покрај Рамос претходно од „кралскиот клуб“ замина и Зинедин Зидан.

Се вчитува...