Што тргна наопаку: Десет причини поради кои Интер на Конте не функционира

Интер ја заврши ланската сезона веднаш зад Јувентус, а по активностите во текот на летото се очекуваше „нероаѕурите“ да направат чекор напред. Сепак, променливите игри и резултати придонесоа по само неколку кола повторно да се појават сомнежи дали Конте воопшто го вади максимумот од тимот што го има на располагање и дали трофејниот стратег има капацитет да го донесе толку посакуваното скудето на „Џузепе Меаца“.

Според италијанските медиуми, ова се десетте причини поради кои Интер оваа сезона не е на посакуваното ниво.

1.Во текот на тензичното лето Конте се ‘закануваше’ дека ќе си замине, не поради резултатите, туку поради тоа што сакаше повеќе моќ при одлучувањето за трансферите. На крајот претседателот Жанг ги смири страстите меѓу директорите и тренерот, но може да се каже да од тоа примирје сите се делумно незадоволни и тоа се одразува на теренот.

2. Интер не успеа да ги продаде играчите кои на Конте не му се потребни, пред сите      Шкриниар, па не стигна друг дефанзивец по мерак на Конте, кој го сакаше Миленковиќ. Наместо тоа, тој сега е принуден да игра во формација 3-5-2 со само еден централен дефанзивец Де Фрај и два бекa, Александар Коларов и Данило Д’Амброзио.

3. Конте е познат по тоа што ‘промашува’ со играчите кои ќе ги донесе. Да се потсетиме поради што си замина од Јувентус, некои негови решенија што ги бараше како заборавениот Итурбе или некои играчи кои ги донесе како Пелузо или Падоин никогаш не покажаа квалитете да играат за екипа како Јувентус. Сега многумина сметаат дека Видал и Коларов играчите на кои инсистираше Конте се грешка, но сепак е уште рано за такви проценки.

4. Никој не може да освојува трофеи со ваква одбрана. Интер прима премногу голови, и што и да се обидува Конте со одбраната со тројца и како и да комбинира нема решение. Ова е најлошиот ‘дефанзивен’ старт на Интер уште од времето на Гасперини.

5. Играта премногу зависи од Лукаку. Како и што кажа тренерот на Мегенгладбах, кој остана непоразен на ‘Меаца’, единствената тактика е само да му ја ‘испорачаат’ топката на Лукаку. Сите се во страв што ќе се случува ако падне формата на Белгиецот. Конте сега инсистира, ако не може Џеко да му го донесат Жиру, но тоа е тешка мисија.

6. Проблемот со Ериксен. Поранешниот плејмејкер на Тотенхем не се вклопува кај Конте, но за Данска игра како препороден. Конте беше против неговото доаѓање во Интер, бидејќи го смета за ‘мек’ играч и смета дека нема да може да се наметне во Италија, но нешто е и до тренерот ако неможе да му најде место на толку квалитетен играч.

7. Поседот не вродува со плод. Против Мехенгладбах цело прво полувреме ја дежеа топката но не створија ниту една опасна шанса пред голот на германскиот тим. Проблем се и резервите, без оглед на тоа што сите тврдат дека Интер ја засили конкуренцијата, сепак не се во можност да сменат нешто на теренот. Сепак имаше и многу играчи кои беа повредени и тоа е дополнителен товар за тимот на Конте.

8. Финансиите. Се зборува дека повеќе нема да се вложува долколу не се продава. Според некои медиуми ова беше тешка година за “Сунинг” наводно загубиле третина од своето богатство во текот на пандемијата, се спомнува цифра од 5 милијарди долари.

9. Играчите повеќе не се уверени дека Конте е решението, така тврди “Кориере Дело Спорт” кој е наклонет кон Миланските тимови. Никој не сака да превземе иницијатива и одговорност. Директорот Марота не се откажа и понатаму чека прилика за да го смени Конте и на негово место да го донесе Масимилијано Алегри, кого Конте го наследи и во Јувентус.

10. Интер е познат како сколон на ‘падови’ во текот на сезоната, голем проблем е да се запрат, и тоа не е кривица на Конте, некако како клубот тешко да излегува од проблемите. Сега сите се во страв, Хакими беше позитивен на корона, а тренираше со тимот па сега тестовите може да покажат нови заразени што ќе ги искомплицира работите за Интер.

Се вчитува...