„Штом станам претседател, ќе го вратам Меси во Барса“

Следната календарска година ќе донесе и претседателски избори во Барселона, во кои актуелниот прв човек на клубот, Жоан Лапорта повторно за ривал ќе го има Виктор Фонт.

Лапорта го победи Фонт во изборите во 2018 година, но успешниот бизнисмен верува дека овојпат ќе излезе како победник во претседателската трка. Фонт за сојузник го има поранешниот капитен и тренер, Чави Хернандез, а според последните најави планира сериозен адут во кампањата да му биде и Лео Меси.

Јавна тајна е дека Меси го смета Лапорта за главен виновник што мораше да си замине од „Камп Ноу“, а Виктор Фонт планира да го искористи тоа за да го врати аргентинскиот генијалец назад во каталонскиот гигант.

„Мораме да направиме се за да го привлечеме повторно Меси, што порано можеме, во било која улога што тој ќе ја избере. Тој самиот кажа минатата седмица дека го посакува тоа, сигурно и навивачите го посакуваат… прва работа откако ќе ги добијам изборите ќе биде токму повикот кон Лео. Тоа е се што ќе кажам, немам намера повеќе да го злоупотребувам името на оваа легенда како што тоа го правеше Лапорта во неколку ситуации“, истакна Фонт.

Се вчитува...