Баерн Минхен го дозна својот ривал во битката за трофејот во Купот на Германија. Вечерва со победата над Фрајбург од 2-1 во 119. минута од средбата, Штутгарт се пласираше во финалето во Берлин, и во него ќе се бори против најголемиот германски тим, кој и натаму останува голем фаворит.
Штутгарт со многу среќа дури во 118 минута од продолженијата стигна до оваа победа. Во регуларниот дел беше 1-1. Егештајн донесе предност за гостите, а Ундав во 70. минута израмни.
Штутгарт имаше уште неколку шанси, но во регуларниот дел и во продолженијата, a херој беше голманот на гостите, Флоријан Милер. Меѓутоа Милер капитулираше дури во 119 минута кога Томаш на ефектен начин со петица успеа да постигне гол, и така да го внесе Штутгарт во ново финале на Купот, и ќе има можност да го брани трофејот во ова натпреварување освоен минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
