Јапонскиот репрезентативен пивот Шуичи Јошида е најновото шесто засилување за ГРК Охрид новата натпреварувачка сезона.
Јошида потпиша едногодишен договор со охриѓани, со можност за продолжување за уште една, до јуни 2028. Има 25 години (193 cm) и ќе го носи сино-белиот дрес со број 11.
„Јошида е огромно засилување за нашиот тим. Доаѓа по две сезони од гигантот Нант (Франција) каде што играше клучна улога во француското првенство и Лигата на шампионите. Претходно настапуваше за Данкерк (Франција) и Азоти Тарнов (Полска). Прв пивот на јапонската репрезентација и прогласен за најдобар пивот на Азиското првенство во 2024“ – информираа од ГРК Охрид.
И Јапонецот изрази задоволство што доаѓа во редовите на еден од најдобрите македонски клубови.
„Здраво Охрид! Здраво Рибари! Јас сум Шуичи Јошида, јапонски репрезентативен пивот. Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!” – порача Јошида преку официјалната страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
