Реал Мадрид претрпе уште еден убедлив пораз од Барселона, доволен повод за повторно да се јават критичарите на „кралскиот клуб“. Еден од најгласните е поранешниот тренер на Реал, Бернд Шустер, кој јавно „распука“ неколку фудбалери на „кралскиот клуб“ предводени од неговиот сонародник Тони Крос.
„Реал Мадрид го загуби најдобриот напаѓач во клупската историја и не донесе замене. Во средината не можат да доминираат против никого, не можеа да освојат топка ниту против Џирона. Тони Крос во моментов е како трактор на дизел и тоа сериозно се одразува врз целиот изглед на екипата Во одбраната го имаат Варан, но тој не е ниту бледа сенка од играчот што некогаш беше. А Карвахал… тој станува нова верзија на Арбелоа“ – истакна Шустер.
Јасно е, притисокот врз Сантијаго Солари ќе расте како што ќе минува времето, а по загубениот двомеч во Копа дел реј уште повеќе се намалија шансите Аргентинецот да остане на чело на Реал и по завршувањето на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА