„Шут карта“ од Џенова за Јуриќ, Прандели нов тренер на Пандев

Хрватот Иван Јуриќ доби отказ од Џенова по елиминацијата од нисколигашот Ентела во 1/16-финалето од Купот на Италија.

Сопственикот на Џенова се одлучи и по вторпат да му врачи „шут карта“ на Јуриќ веднаш по срамната елиминација во Купот.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, на местото на Јуриќ утре се очекува официјално да биде назначен поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели.

Се вчитува...