Битолски „снајпери“ – шутерското шоу на Пелистер во Аеродром (ВИДЕО)

Натпреварот на 12. коло помеѓу лидерот на табелата Пелситер и МЗТ Скопје му припадна на битолскиот тим кој во СЦ „Јане Сандански“ ја покажа целата своја артилерија. „Зелено-белите блескаа на паркетот со 19 погодени тројки, сегмент од играта во кој постигнаа 57 поени за перфекција во есенскиот дел од првенството.

Лидер на гостите беше Игор Кесар со пет постигнати тројки, четири додаде Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски броеше до три, по две забележаа Никола Малашевиќ, Димитар Караџовски и Марјан Младеновиќ, додека Бојан Трајковски погоди една.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...