Швајнштајгер реши – се сели во Чикаго

Бастијан Швајнштајгер конечно ќе стави крај на својата кошмарна епизода во Манчестер јунајтед, напуштајќи го „Олд трафорд“ за да се пресели во американската МЛС-лига. Чикаго фајр ќе биде новиот клуб на германскиот ветеран, откако тренерот Вељко Пауновиќ успеа да го убеди Швајнштајгер во сериозноста на проектот со кој оваа екипа би се вратила близу до врвот во МЛС-лигата, откако ланската сезона ја заврши на последното место во Источната конференција.

Манчестер јунајтед даде зелено светло за овој трансфер, не барајќи никаква отштета, по што веќе нема дилеми дека германскиот ас во текот на оваа седмица и официјално ќе се пресели од другата страна на Атлантикот. Тој во текот на минатото лето одби неколку понуди од квалитетни европски екипи, по што се шпекулираше дека планира преселба во САД, најави што се реализираа со овој трансфер.

Со секоја промена секогаш сум сакал да направам позитивно влијание. Трансферот во Чикаго фајр не е ништо поразлично, искрено верувам дека можам да помогнам тимот да стане многу поконкурентен“ – изјави Швајнштајгер за весникот „Чикаго трибјун“.

Се вчитува...