Селекторот на швајцарската фудбалска репрезентација Мурат Јакин го објави списокот од 26 играчи за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули.
Швајцарците ќе ги предводи капитенот Гранит Џака кој досега има 144 настапи и 16 голови за Швајцарија, а ова ќе биде седмо големо натпреварување по ред за нив, а четврто светско првенство.
Но, на списокот го нема Џердан Шаќири, една од најголемите легенди на швајцарскиот фудбал, кој одлучи повеќе да не настапува за националниот тим. Низ актуелнава сезона Шаќири има 34 настапи за Базел, со учинок од 10 голови и 11 асистенции, а зад себе има дури 125 настапи за репрезентацијата на Швајцарија.
Швајцарија ќе игра во групата Б на Светското првенство. Тие ќе го отворат Мундијалот со Катар на 13 јуни, по што ќе следат натпревари против БиХ на 18 јуни и Канада на 24 јуни.
Состав на Швајцарија за Светското првенство:
Голмани: Грегор Кобел (Борусија Дортмунд), Марвин Келер (Јанг Бојс), Ивон Мвого (Лориен)
Одбрана: Рикардо Родригез (Бетис), Силван Видмер (Мајнц 05), Мануел Аканџи (Интер), Миро Мухајм (Хамбургер), Нико Елведи (Борусија Менхенгладбах), Ауреле Аменда (Ајнтрахт Франкфурт), Лука Хакез (Штутгарт), Ерај Комерт (Валенсија)
Среден ред: Јохан Манзамби (Фрајбург), Гранит Џака (Сандерленд), Ремо Фројлер (Болоња), Денис Закарија (Монако), Ардон Јашари (Милан), Мишел Аебишер (Пиза), Џибрил Соу (Севиља), Кристијан Фаснахт (Јанг Бојс), Фабијан Ридер (Аугсбург)
Напад: Ноа Окафор (Лидс Јунајтед), Ден Ндоје (Нотингем Форест), Зеки Амдуни (Барнли), Брил Емболо (Рен), Рубен Варгас (Севиља), Седрик Итен (Фортуна Дизелдорф).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
