Швајцарија со „петарда“ за Белорусија, Турција триумфално од „пеколниот“ Ереван (ВИДЕО)

Селекцијата на Турција со триумф ги почна квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. Турците гостуваа во „пеколниот“ Ереван и пред преполни трибини успеаја да дојдат до триумф над Ерменија со пресврт.

Во 10. минута Кабак си постигна автогол за водство на Ерменија. Кокчу во 35. минута израмни на 1-1, а Актуркоглу во 64. минута го сврте резултатот и донесе победа на Турција.

Репрезентацијата на Швајцарија со убедливи 0-5 ја совлада селекцијата на Белорусија, и имаше одличен почеток на квалификациите. Швајцарците имаа и предност што играа на неутрален терен во Нови Сад, па тоа го искористија за да му нанесат катастрофален пораз на противникот.

Штефен е херој на Швајцарците кој постигна хет-трик во 4., 17 и 29. минута, а потоа во вториот дел Џака и Амдуни само ја потврдија победата.

Косово освои бод на гостувањето во Тел Авив кај Израел. Косовците имаа предност во 36. минута откако Даса си постигна автогол. Меѓутоа во 56. минута Перец донесе бод за домашната селекција.

Се вчитува...