Швајцарската доминација на СП продолжува: Златен медал за Раст

Швајцарската доминација на Светското првенство во апско скијање кое оваа година се одржува во австрискиот ски-центар Солбах продолжи и денеска на слалом трката во женска конкуренција.

Првото место и припадна на Камила Раст која беше најбрза во првото возење и покрај тоа што заврши како четврта во второто, имаше најдобар резултат за златен медал со време од 1:58.00 минути

На второто место заврши нејзината сонародничка Венди Холденер со заостанување од 46 стотинки. Бронзата и припадна на австриската претставничка Катарина Линдсбергер која имаше послаб резултат од победничката од една секунда и 32 стотинки.

Се вчитува...