Швајцарците од Косово „ќе гинат“ против Србија

Дуелот на СП во Русија меѓу фудбалските репрезентации на Швајцарија и на Србија што ќе се одигра на 22 јуни во Калининград ќе има дополнителна тензија. Според предвидувањата овие две селекции ќе се борат за второто место во групата Е во која Бразил е апсолутен фавориот, но еден друг момент му дава дополнителна важност на овој дуел.

За репрезентацијата на Швајцарија играат неколку фудбалери кои се родени или потекнуваат од Косово и за нив натпреварот со Србија ќе биде повеќе од обичен фудбалски натпревар.

Најдобри фудбалери на Швајцарија се Џердан Шаќири и Гранит Џака и двајцата повеќе од се посакуваат победа во овој дуел.

„Многу се зборува за овој натпревар и сето тоа се поврзува со политиката. Тоа е нормално бидејќи неколкумина од репрезентативците се од Косово. Нашата земја војуваше со Србија, но јас ќе се трудам емоциите да ги оставам на страна и да се фокусирам само на играта бидејќи само така може да дојдеме до победа“ – вели Шаќири кој е роден во Гњилане на Косово.

Ѕвездата на Арсенал, Гранит Џака, исто така има потекло од Косово од каде неговите родители се преселиле во Базел. И тој најавува жесток дуел против Србија.

„Србија е незгоден противник. Во овој момент не можам да ветам ништо освен дека ќе играме до граница на болка. Ќе гинеме за победа“ – вели швајцарскиот репрезентативец.

Покрај Шаќири и Џака, репрезентативец на Швајцарија по потекло од Косово е и Валон Бахрами.

Се вчитува...