Денеска за првпат во историјата на светските шампионати се возеше трка во тимска комбинација во машка конкуренција, во која апсолутна доминација имаа швајцарските скијачи.
Имено, трите комплети медали завршија на градите на швајцарски репрезентативци, откако тие доминираа на овие трки, во спуст и во слалом. Златото заврши кај Фон Алмен и Мејард, првиот возеше спуст, вториот слалом, а токму одличната слаломска трка на Лоик Мејард го донесе најсјајното одличје на овој тандем.
Мони имаше подобро време од Фон Алмен во спустот, но Неф имаше за 29 стотинки послабо време од Мејард во слаломската трка, па овие двајца швајцарски скијачи мораа да се задоволат само со второто место.
Третата позиција и бронзата им припаднаа на нивните сонародници Рогентин и Роша, кои имаа 43 стотинки послабо време од новите светски шампиони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА