Швајцарската репрезентација се најде во необичен проблем откако пристигна во базата во Сан Диего пред СП 2026.
Швајцарците размислуваат за промена на кампот откако се најдоа во неочекуван проблем. Тие избраа камп во Сан Диего како место за подготовка за предизвиците што претстојат. Сепак, наидоа на нешто што не го очекуваа – отровни змии веднаш до тренинг-терените.
Тимот го вклучи алармот. Поставија мапа со областа означена со црвена боја и јасно предупредување: Пазете се од змии.
Според информациите од локалниот музеј за природна историја, во регионот живеат четири вида отровни змии ѕвечарки. Во Швајцарија нема такви и за нив, како што велат, ова дефинитивно е шок.
Швајцарската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА за кампот. Можна е и промена на локацијата.
„Швајцарската фудбалска асоцијација се пожали на отровни змии во близина на кампот што го избраа. Асоцијацијата бара решение, дури е можно да се пресели на друга локација“, се вели во соопштението.
Стручниот штаб е особено загрижен поради фактот што тренинзите се одржуваат во раните утрински и вечерни часови, кога видливоста е послаба, а движењето на змиите е почесто.
Дури и играчите наводно не останале рамнодушни на предупредувањата што ги добиваат секојдневно. Оваа ситуација воопшто не е пријатна и им е тешко целосно да се фокусираат на работата.
Локалните власти и експертите за див свет уверуваат дека ризикот од вистински контакт со змии останува минимален, но Швајцарците не сакаат да се коцкаат пред турнир каде што имаат големи очекувања. Тие јасно велат дека безбедноста на членовите на репрезентацијата и на тренерскиот штаб е апсолутен приоритет, па затоа ова ќе биде клучен фактор во одлуката да го напуштат Сан Диего.
Потенцијалната промена на базата би можела да влијае и на логистичките подготовки за предизвиците што следат. Тие сакаа да бидат блиску до дестинациите каде што се играат натпреварите, но не сметаа на змии.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
