Шварц го изненади Одермат во велеслалом

Австрискиот скијач Марко Шварц е победник на велеслаломската трка што се возеше во американскиот ски-центар Палисадес Тахо, откако успеа да биде за три секунди побрз од големиот фаворит Марко Одермат од Швајцарија.

Шварц оствари вкупно време од 2:23,63, што беше за само три стотинки подобро од Одермат. Швајцарскиот скијач сезонава имаше само еден пораз на велеслаломските трки во Светскиот куп, во второто возење влезе со 40 стотинки предност пред Шварц, но Одермат направи голема грешка во првиот дел од патеката, поради која на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција.

Третото место му припадна на Норвежанецот Расмус Виндингштад, со 36 стотинки послабо време од победникот, за кого ова беше само трет подиум во скијачката кариера.

Се вчитува...