Фудбалската репрезентација на Шведска славеше против африканската селекција на Алжир со 2-0 во пријателски натпревар кој вечерва се одигра во Малме. Швеѓаните поведоа со голот на Емил Форсберг од пенал со 1-0 во судиското надополнување во првото полувреме.
Конечните 2-0 ги постави Клаесон во 48. минута. За издвојување од овој меч е и црвениот картон кој го доби фудбалерот на гостите Бенсебаини во 34. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА