Она што се најавуваше во последните месеци денеска беше официјално потврдено – дел од Формула 1 шампионатот од следната година ќе биде и екипата на Кадилак.
Американската автомобилска компанија во последните години работеше напорно на овој план, а по добиеното зелено светло од ФИА денеска пристигна и официјална потврда – Кадилак од 2026 ќе стане дел од „летечкиот циркус“.
„Како што најавивме и претходно, одлуичноста на „Џенерал Моторс“ да го внесе тимот на Кадилак во Формула 1 беше важен и позитивен показател за тоа како напредува нашиот спорт“, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.
A new chapter begins as the Cadillac Formula 1™ Team officially joins the FIA Formula One World Championship for the 2026 season.@F1 | @Cadillac | @GM pic.twitter.com/i2V4Qy4wZA
— Cadillac F1 Team (@Cadillac_F1) March 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА