Хаос во Шпанија – Реал бара снимки од ВАР-собата, првиот човек на Ла Лига со став: „Полуделе…“

Реал Мадрид доживеа пораз од Еспањол (0-1), на последниот меч во шпанското првенство во меч во кој „кралевите“ не беа на своето ниво.

Но, првиот човек на клубот, Флорентино Перез, добар дел од вината за поразот го пронајде и кај судиите, поради што Реал официјално испрати барање до шпанскиот фудбалски управен орган да ги добие снимките од ВАР собата, па дури е „подготвен да побара и кривична правда за да може да пристапи до аудио снимките од ВАР собата“.

Во моментот на најголеми тензии беше свикан и заеднички состанок на судиите и сите клубови од двете најсилни лиги во шпанскиот фудбал, но на него не присуствуваше единствено делегацијата од Реал Мадрид која во знак на протест ја одби поканата.

ЛИГАТА ОБЕДЕНЕТА ПРОТИВ РЕАЛ МАДРИД

Присутните клубови со заедничка одлука утврдија дека станува збор за чин на притисок врз судискиот комитет од страна на Реал Мадрид. Во револтот предводеа Севилја и градскиот ривал на „кралевите“; Атлетико Мадрид, а претседателот на Шпанската фудбалска федерација средбата ја нарече „историска“.

Дури и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, кој јавно се декларира како навивач на Реал Мадрид, остро ги критикуваше потезите на актуелниот шампион.

„Тие изградија наратив за жртва, а последната капка беше писмото што го објавија пред некој ден. Тие го прават тоа долго време, но тоа не е вистина. Она што се обидуваат да го направат е да влијаат на конкуренцијата на неприфатлив начин. Ќе поднесеме пријава. Анализираме дали ќе биде против клубот, потписниците на писмото или против управниот одбор. Во нивната изјава има невистини или полувистини и тоа не може да остане неоспорено. Претерана приказна за жртва, со цел да и наштети на конкуренцијата. Претерано. Полудеа“ – рече Тебас.

Покрај предавањето на ВАР снимките, во писмото Реал се пожали и на постојаната пристрасност на судиите поради што бара системска реформа на лигата.

Се вчитува...