Шведската бајка продолжува: Клубот од градот со 1.500 жители обезбеди европска есен

Фудбалерите на Мјaлби го постигнаа својот најголем успех на меѓународна сцена, откако за првпат се пласираа во групната фаза од некое европско натпреварување.

Сензационалните шведски шампиони одиграа нерешено (без голови) на реванш-натпреварот од второто коло на квалификациите за Лигата на шампионите против Линколн од Гибралтар и така поминаа понатаму со вкупен резултат од 3-0. Со ова, тие обезбедија најмалку пласман во групната фаза на Конференциската лига.

Ова е само продолжение на низата големи успеси на клубот од место со помалку од 1.500 жители. Да потсетиме дека Мјалби минатата сезона за првпат стана шампион на Шведска, а исто така за првпат го освои и домашниот куп.

За место во плејофот од Лигата на шампионите, шведскиот шампион ќе игра против победникот од двомечот меѓу Слован Братислава и грузиската Иберија.

Се вчитува...