Шведскиот селектор се премисли: Ибра може на Мундијал, ама….!

Златан Ибрахимовиќ неодемна подигна сериозна „прашина“ во Шведска со изјавата дека ќе игра на Светското првенство. Сето тоа потоа го демантираше селекторот на оваа селекција, Јане Андерсон кој порача дека нема намера да го повика фудбалерот на ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ пред две години се збогуваше од репрезентацијата, не беше дел од квалификациите за СП, за да сега посакува да се врати во националниот тим.

Шведскиот селектор претходно деливаше прилично категоричен во изјавите дека не планира да го вика Ибрахимовиќ, затоа што тој самиот одлучил повеќе да не игра за Шведска. Но, очигледно Андерсон сега полека се премислува, ако се суди според неговите последни изјави за „Кикер“…

„Може да кажам дека постои можности Ибрахимовиќ да биде со нас на Мундијалот. Тој може да биде од сериозна корист на тимот. Но, ако навистина го променил своето мислење тогаш мора да ми се јави и да ми каже дека навистина сака да биде дел од нашиот тим. Доколку се случи тоа ќе седнеме и ќе разговараме за негово враќање во репрезентацијата. Не знам дали сега би се вклопил во тимот, но тоа ќе го видиме дополнително… Сега треба само да ми се јави и да каже дека сака да се врати. Не може да биде поедноставно“ – вели Андерсон.

Се вчитува...