Швеѓанец подиве на тениски меч, па си доби дисквалификација (ВИДЕО)

Шведскиот тенисер Микаел Имер е дисквалификуван од турнирот во Лион поради дивеење на теренот. Имер во четвртфиналето играше против домашниот Артур Фис, а Микаел доживеа дисквалификација крајот од првиот сет.

Се започна со сериозна расправија со судијата кој не сакаше да слезе и да погледне дали топката завршила во поле или во аут, откако Имер ја запре играта мислејќи дека топката е надвор.

На крајот гемот, Имер го скрши рекетот во судиското столче, кое исто така доста го оштети, па поради дивеење на теренот беше дисквалификуван и Фис се пласираше во четвртфиналето.

 

Се вчитува...