Швеѓаните убедливи со Белорусија, БиХ го „торпедираше“ Гибралтар

Репрезентацијата на Шведска триумфираше со убедливи 4-0 против Белорисија во Групата А, во квалификациите за СП 2018. Македонската репрезентација токму против Белорусија ќе игра пријателски натпревар на 28. март во Скопје.

Швеѓаните без поголеми проблеми стигнаа до триумфот, најавувајќи го уште во 19. минута со голот на Форсберг од пенал. Истиот играч во 49. минута зголеми на 2-0, а потоа стрелаа и Берг и Телин.

All Goals & highlights – Sweden 4-0 Belarus… by FootballLiveGoals

Селекцијата на БиХ, пак, во Групата Х сосема очекува стигна до триумф од 5-0 против Гибралтар.

Швајцарија се мачеше против Летонија, но сепак успеа да стигне до триумф од 1-0 благодарение на голот на Дрмиќ во 66. минута.

Во останатите два натпревари кои се играа од 18 часот, без голови ремизираа Кипар со Естонија и Андора против Фарските острови.

Се вчитува...