Швеѓанката Кала, прва олимписка шампионка во Пјонгчанг

Шарлот Кала е првата шампионка на ЗОИ во Пјонгчанг откако шведската нордиска скијачка оствари најдобар резултат на денешната трка на 15 километри.

Иако се очекуваше неизвесна трка до самиот финиш, Кала успеа да се одлепи во однос на ривалките, целосно го контролираше водството и на крајот заслижено се искачи на највисокото место на пиедесталот со време од 40:44.9 минути.

Второто место и припадна на Марит Бјорген со осум секунди заостанување, но Норвежанка сепак си обезбеди место во историјата како најтрофејна олимпијка на сите времиња кога станува збор за Зимските Олимписки Игри. Ова беше 11. медал во кариерата на Бјорген, која на досегашните ЗОИ има шест злата, четири сребра и едно бронзено одличје.

Бронзата на денешната трка и припадна на Криста Пармакоски од Финска.

Се вчитува...