Швеѓанките ја победија Унгарија

Ракометарките на Шведска триумфираа против Унгарија со 30-25 во 4. коло од Групата 1 од главната фаза на Европското првенство 2022.

Швеѓанките во текот на целиот натпревар ја имаа контролата на играта и резултатот доаѓајќи до предност уште на полувремето со 18-15. Истиот ритам го одржуваа и во второто полувреме за конечна победа од пет гола разлика.

По овој триумф Шведска сега е со 4 бода на табелата, на делба на третата позиција со домаќинот Словенија. Данките се второпласирани со шест бода и јасно е дека се во предност во однос на Словенија, која во последното коло со триумф над Шведска ќе бара своја шанса за полуфинале.

Од оваа група веќе е познат првиот полуфиналист на Европското првенство, селекцијата на Норвешка која денеска славеше токму против Словенија.

Се вчитува...