Една од најдобрите тенисерки на денешницата Ига Швјонтек е првата четвртфиналистка на ВТА мастерс турнирот од серијата 1000 кој се игра во американскиот град, Синсинати.
Швјонтек во осминафиналниот меч на турнирот во Синсинати славеше против француската тенисерка, Диан Пари со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3.
Во четвртфиналето Полјчката ќе се сретне со подобрата од дуелот меѓу Елена Рибакина од Казахстан и Русинката Дијана Шнајдер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
