Швјонтек се повреди на десет дена пред Ролан Гарос

Претстојното издание на Ролан Гарос би можело да остане и без најдобрата светска тенисерка, откако Ига Швјонтек заработи повреда на турнирот во Рим.

Полската тенисерка доцна синоќа го играше својот меч со Елена Рибакина од Казахстан, што на крајот мораше да го предаде во третиот сет, при резултат 2-2 во гејмови. Швјонтек имаше водство од 1-0 во сетови и брејк во вториот сет, но Рибакина се врати, по што првата носителка токму во тајбрејкот се здоби со незгодна повреда на мускулот.

Швјонтек се обиде да продолжи, но на крајот донесе одлука да не ризикува дополнително да ја влоши состојбата и го предаде мечот.

Се очекува во текот на денешниот ден над најдобрата светска тенисерка да бидат извршени детални прегледи по што ќе биде јасно дали таа ќе може да настапи на Ролан Гарос, гранслем турнирот во Париз што стартува за десет дена во „градот на светлината“.

Се вчитува...