Швјонтек убедливо до полуфинале во Торонто

Ига Швјонтек конечно заигра како што се очекува од тенисерка која до неодамна доминираше. Во Торонто, Полјачката се пласираше во своето второ полуфинале оваа година. Во четвртфиналето, таа убедливо ја совлада Дијана Шнајдер од Русија со 2-0, по сетови 6-2, 6-1.

Нејзина противничка во полуфиналето, во полуфиналето ќе биде Елена Свитолина која имаше многу потешка задача во својот четвртфинален меч.

Украинката славеше против Русинката Екатерина Александрова, која во претходното коло ја елиминираше Арина Сабаленка со 2-1, по сетов 3-6, 6-0 и 6-3.

Се вчитува...