Рубен Гарабаја ја почна сезонава како шеф на стручниот штаб на Е. Пелистер, но го напушти кормилото на македонскиот првак кон крајот на минатата календарска година.
Шпанецот нема предолго да е без работа откако денеска и официјално се договори за да стане селектор – на националната репрезентација на Грузија.
Сите детали се веќе средени, Гарабаја со себе ќе донесе и стручен штаб составен од шпански стратези, а официјалната промоција е закажана за 11 мај, кога ќе почне и тренинг-кампот на грузиската репрезентација.
Грузија настапи на ЕП 2026, но испадна во првиот бараж за СП 2027, по што челниците на федерацијата се решија за „рез“ и вртење на нов лист, под водство на шпанскиот стратег добро познат и на македонската ракометна јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

