Сигурдсон од пенал го реши Челси (ВИДЕО)

Евертон го шокираше Челси совладувајќи го со 1-0 во натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Клучниот момент во мечот се случи во 22. минута кога Сигурдсон прецизно стрелаше од пенал и донесе големи три бода за „карамелите“.

Со оваа победа Евертон се искачи на седмото место на табелата со 20 бода, додека Челси останува трет со 22 бода.

 

 

 

 

Се вчитува...