„Сигурно се сеќавате на легендарната…“ – Надја Команечи, „перфектната десетка“ која се уште е еден од најлегендарните моменти во историјата на олимпизмот

Надја Елена Команечи (родена на 12 ноември 1961 г.) — поранешна романска гимнастичарка, освојувачка на три златни медали на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал и прва гимнастичарка која добила совршен резултат 10 во олимписка гимнастичка дисциплина. Таа исто така освои два златни медали на Летните олимписки игри 1980 во Москва. Команечи е една од најпознатите гимнастичарки во светот, а во 2000 година беше именувана како една од спортистите на векот од Светската спортска академија Лауреус.

Надја Елена Команечи е родена во Онешт, Романија, како ќерка на Георге и Стефанија-Александрина Команечи.[5][6] Нејзината мајка била инспирирана да и го даде името Надја од руски филм кој го гледала додека била бремена, во кој хероината се викала Надја, деминутивна верзија од руското име Надежда, што значи „надеж“. Таа има брат Адријан кој е четири години помлад од неа.

На 14-годишна возраст, Команечи беше една од ѕвездите на Летните олимписки игри 1976 во Монтреал. За време на екипниот задолжителен дел од натпреварувањето на 18 јули, нејзината вежба на двовисински разбој беше оценета со соврешна десетка. Тоа било првпат во модерната олимписка историја во гимнастика да биде доделена оцена десет. Кога од „Омега“, традиционалниот олимписки изработувач на семафори, запрашале дали ќе бидат потребни четири бројки за натпреварите во гимнастика, било кажано дека совршена 10.00 е невозомжно да се додели. Наместо тоа совршените оцени на Надја биле прикажани како 1.00. Публиката првично била збунета, но набргу сфатила по што следувале овации.

Команечи успешно ја одбрани својата европска титула во повеќебој на Европското првенство во 1977 во Прага, но кога се покренаа прашања околу оценувањето, претседателот на Романија, Николае Чаушеску нареди на романските гимнастичари да се вратат дома. Екипата ги проследи наредбите и контроверзно го напушти првенството за време на финалните натпревари.

По првенството, романската гимнастичка федерација ја раздели Команечи од нејзините долгогодишни тренери, Бела и Марта Кароли, и ја испрати во Букурешт да тренира во спортскиот комплекс 23 август. Оваа промена не се одрази позитивно на Команечи. Борејќи се со стресот поради разводот на нејзините родители и новата тренинг средина, таа беше исклучително несреќна и поради тоа страдаше нејзината кариера. Команечи учествува и на Светското првенство во 1978 во Стразбур изгледајќи покрупно и надвор од форма; и исто така неколку сантиметри повисока од Монтреал. Поради падот во дисциплината двовисински разбој таа го освои четвртото место во повеќебојот зад Елена Мухина, Нели Ким, и Наталија Шапошникова. Сепак, Команечи успеа да ја освои светската титула во дисциплината греда, и сребрениот медал во прескок.

Команечи учествуваше и на Летните олимписки игри 1980 во Москва, каде заврши на второто место, и загуби со мала разлика од Јелена Давидова во повеќебојот. Таа успешно ја одбрани својата олимписка титула на греда и беше изедначена со Нели Ким за златниот медал на партер. Во екипниот повеќебој, романската екипа го освои сребрениот медал.

Команечи се повлекува од натпреварувањата во 1981 година. Нејзиното свечено пензионирање се одржа во Букурешт во 1984 година во присуство на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет.

Се вчитува...