Силекс го победи казахстанскиот прволигаш Тобол (2-1)

Македонскиот прволигаш Силекс забележа триумф од 2-1 против казахстанскиот прволигаш Тобол на пријателскиот натпревар што денеска се одигра во Анталија. Избраниците на Жикица Тасевски се прикажаа во солидно издание и успеаја да стигнат до победа на овој меч.

Кратовци поведоа со голот на Каланоски во 45.минута од средбата. На стартот од вториот дел, Кастратовиќ во 56.минута го зголеми водството на Силекс на 2-0. Тобол својот единствен погодок го постигна во 73.минута, намалувајќи на 2-1, што беше и конечен епилог на овој дуел.

Утре Силекс ќе ги одмери силите со актуелниот хрватски првак Динамо Загреб.

Се вчитува...