Силекс го продолжи договорот со капитенот Анѓелески

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс продолжува со составувањето на тимот пресрет настапите кои го очекуваат во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА.

Кратовци денеска информираа дека ја продолжиле соработката со капитенот Дарко Анѓелески.

„ФК Силекс со задоволство ја информира јавноста дека е продолжена соработката со капитенот Дарко Анѓелески, кој и во сезоната 2026/27 ќе го носи сино-црвениот дрес.
Играчот од средниот ред веќе четири години е еден од лидерите на тимот и остави значаен белег во поновата клупска историја. Со својата борбеност, посветеност и лидерски квалитети прерасна во вистински предводник на Силекс. Досега има одиграно 120 натпревари во сино-црвениот дрес, настапувајќи на домашната и европската сцена, а и во новата сезона ќе биде еден од главните носители на играта на нашиот тим. Продолжуваме заедно – со истите амбиции, нови предизвици и желба за нови успеси“, стои во соопштението на Силекс. 

Се вчитува...