Силекс има цврста одбрана: Реми без голови против Динамо Тбилиси

Македонскиот прволигаш Силекс одигра реми без голови против грузискиот тим Динамо Тбилиси во пријателскиот натпревар одигран на подготовките во Анталија. Ова беше втора контрола на формата за кратовци по дуелот со Шиник пред два дена, и евидентно е дека Жикица Тасевски полага многу сметка на цврстата игра во одбраната.

Во наредниот период кратовскиот прволигаш сигурно ќе мора да поработи и на стратегија за тимот да биде поефикасен.

Следен тест за Силекс ќе биде дуелот в петок против Кишварда.

Се вчитува...