Силекс издржа со десетмина и освои бод во Тетово, Шкупи подобар со Умит Каран на клупата

Силекс со десетмина фудбалери успеа да извлече бод во Тетово и да одигра 1-1 против Шкендија. Тоа го искористи Шкупи да се доближи на врвот на табелата, откако Умит Каран по враќањето на клупата го предводеше тимот од Чаир до триумф од 3-0 против Борец.

Бесарт Ибраими во 25.минута ја донесе Шкендија во водство, но Стефан Ѓуриќ израмни пред крајот на полувремето. Од 58.минута, поради исклучувањето на Кристијан Костовски, Силекс играше со играч помалку, но издржа да освои бод во Тетово.

Шкупи со 3-0 го совлада Борец. Дембо Дарбо го реши мечот со два гола, во 53. и во 70.минута, а Илирид Адеми го постигна третиот во 83.минута.


Работнички и Академија Пандев ремизираа без голови. Голманите беа одлични, напаѓачите неефикасни, а Горан Силјановски поради два жолти картони мораше да го заврши мечот во 87.минута.

Македонија ЃП го совлада составот на Струга Трим Лум со 2-0. Емини од пенал во 62.минута го отвори резултатот, а Абдул Калид во 80.минута го потврди триумфот на „лавовите“.

Ренова во 95.минута извлече бод од Струмица играјќи 1-1. Тоа е прв бод за Беласица во шампионатот. Милушев ја доведе Беласица во водство, но потоа доби и црвен картон, а Ален Јашароски од пенал во судиското продолжение го израмни резултатот.

Утре се игра дербито меѓу Пелистер и Вардар во Битола.

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 2-0

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА 1-1

ШКУПИ – БОРЕЦ 3-0

УТРЕ: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

Табела: Шкендија 18, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Борец 12, Силекс 11, Работнички 11, Струга ТЛ 11, Вардар 10 (-1), Пелистер 9 (-1), Академија Пандев 7, Ренова 6, Беласица 1.

Се вчитува...