Силекс нема проблем да се тестира за во Европа

Фудбалерите и членовите на ФК Силекс денеска беа тестирани за Ковид-19. Кратовци не беа многу расположени за продолжување на сезоната која дефинитивно доживеа прекин поради пандемијата на коронавирусот, но во пресрет на подготовките за настап во европските купови – веднаш им се појави „европска свест“.

Резултатите ќе бидат готови во текот на утрешниот ден, а од Синдикатот на фудбалерите на Македонија информираат дека тестирањето било извршено во две групи.

„Тестирањето на раководството и фудбалерите на Силекс се изврши во две групи. Една група се тестираше во Аџибадем Систина во Скопје, а другата група во просториите на ФК Силекс во Кратово од страна на мобилна екипа на Систина“, стои во соопштението од СФМ.

Од Синдикатот на фудбалери на Македонија велат дека со овие тестови се затвора целиот циклус во кој беа тестирани 390 членови на осум прволигашки тимови, еден второлигаш и два тима од третата лига.

Се вчитува...