Силекс одигра 1-1 со Кит Го во Пехчево

Кратовски Силекс одигра 1-1 на пријателскиот натпревар против новиот второлигаш Кит Го кој се одигра на спортскиот центар „Гогов“ во Пехчево.

Во главно израмнет натпревар во кој и двете екипи имаа свои шанси, погодоците ги постигнаа новото засилување Луис Парфаит за Силекс и Мартин Стојанов за Кит Го. Интересно, и двете екипи не успеаја да реализираат удари од белата точка. Кај Силекс промаши Милосављевиќ, а за пехчевци пеналот не го реализираше Темелков.

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски шанса на овој натпревар им да даде на Иванов, Благоевиќ, Драшковиќ, Ристовски, Миленковски, Парфаит, Десниќ, Ѓоргиев, Мбела, Пановски и Танушев, а не настапија новиот голман Спасојевиќ како и Дарко Алексовски.
За Кит Го настапија: Дураковиќ, Ристоски, Колев, Синев, Димоски, Дујоски, Темелков, Ташков, Неделковски, Најдов и Стојанов. Во тимот на Трајче Сенев ги немаше Глигоров, Мариќ, Ричков, Трендафилов и Тонев.
Следен пријателски натпревар на Кит Го ќе биде против српскиот Трајал од Крушевац на 20. јули, исто така во Пехчево.

Се вчитува...