Силекс поразен од Динамо Загреб (1-4)

Македонскиот прволигаш Силекс загуби со 4-1 од хрватскиот првак Динамо Загреб на пријателскиот натпревар што денеска се одигра во Анталија. Кратовци успешно му парираа на хрватскиот тим во најголемиот тек од натпреварот, но во финишот попуштија и доживеаја убедлив пораз.

Силекс прв поведе со голот на Игор Недељковиќ во 33.минута од средбата. Само три минути подоцна израмни Анте Чориќ.

Динамо Загреб стигна до пресврт во 53.минута од дуелот, кога Армин Хоџиќ успеа да ја затресе мрежата на Вујанац. Во завршницата, „модрите“ стигнаа до конечен триумф од 4-1. Стрелец на третиот гол за хрватскиот тим беше Дани Олмо во 88.минута, а две минути подоцна погоди и Самир.

Се вчитува...