Силекс против Брегалница во дербито на истокот во ПМФЛ

Фудбалерите на Силекс денеска ќе ја пречекаат штипска Брегалница во дербито на истокот како дел од 7. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Силекс е во серија од три порази по ред против Вардар, Шкендија и Струга, со што падна на седмото место на табелата, а последната победа ја забележа на 15 август против Скопје со 3-0. Брегалница, која се наоѓа на осмото место со шест бода, забележа три порази во последните четири кола, а последен пат триумфираше против Башкими со 3-0 на 21 август.

Штипскиот тим неделава направи и тренерска смена откако му даде отказ на Никола Јанкулов, па екипата ја води Мијалче Прошев кој веќе имаше деби на куп-натпреварот против Тетекс. Во меѓусебните дуели од минатата сезона 23/24, два меча завршија нерешено, а еднаш победи Брегалница, додека Силекс последен пат на домашен терен славел против овој противник во април 2017 година со 3-2.

Се вчитува...