Силекс ремизираше со Кишварда, овојпат со голови (1-1)

Силекс ремизираше и на третиот тест на подготовките во Анталија, играјќи овојпат 1-1 против унгарскиот второлигаш Кишварда. По двата нерешени натпревари без голови, кратовци конечно примија, но и постигнаа еден погодок. Во првиот дел мрежите мируваа, а головите се случија во финишот од средбата.

sileks - kisvarda 2

Во 79.минута, Кишварда поведе од пенал. Ударот од белата точка го реализираше Вари.

Сепак, Силекс израмни само две минути подоцна. По корнер, Александар Пановски најдобро се снајде и ја затресе противничката мрежа.

Тренерот на Силекс, Жикица Тасевски, натпреварот го почна со следниот состав: Вујанац, Филиповиќ, Танушев, Ф. Глигоров, Г. Глигоров, Стојчевски, Гуцев, Тимов, Николовски, Каланоски, Кастратовиќ.

Следниот натпревар Силекс ќе го одигра в недела против унгарскиот второлигаш Балмазујварош.

Се вчитува...