Силекс се засили и со Никола Богдановски

По официјализирањето на соработката со Дарко Илиески, освојувачот на купот на Македонија, Силекс го објави и второто засилување за денеска. Нов играч на тимот од Кратово е Никола Богданоски, кој пристигнува од српскиот суперлигаш Напредак Крушевац.

27-годишниот Никола Богданоски настапува на крилните позиции во нападот, зад себе има настапи за повеќе клубови од Србија и Казахстан, како и настап за младата репрезентација на Македонија.

„Брзината, продорноста и разновидноста во играта го прават значајно засилување за нашиот тим, а неговото искуство ќе биде од голема важност во предизвиците што нè очекуваат во домашното првенство и европските натпреварувања“, велат од Силекс. 

Се вчитува...