Силекс се засили и со Никола Манојлов од Работнички

Македонскиот прволигаш Силекс продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, официјализирајќи го трансферот на Никола Манојлов од редовите на Работнички. Младиот офанзивен играч за врска пристигнува во Кратово како петто летно засилување за клубот.

Манојлов зад себе има одлична сезона во која одигра 24 првенствени и три куп натпревари за Работнички, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Неговите квалитетни партии му донесоа и статус на стандарден репрезентативец во македонската селекција до 21 година, каде досега забележа пет настапи.

Силекс веќе го претстави квартетот кој го сочинуваат Нихад Шеро, Есмир Хасукиќ, Дарко Илиески и Никола Богдановски.

 

Се вчитува...