Силекс со десет засилувања го комплетираше тимот за прволигашкиот кам-бек

Силекс го комплетираше тимот за своето враќање во Првата македонска фудбалска лига во новата сезона.

Седум домашни фудбалери и тројца српски интернационалци се досега новите имиња во кратовски редови. Марјан Ристовски од Работнички, Андреј Ричков од Пелистер, Виктор Серафимовски од Ренова, Дамјан Масевски и Горијан Христовски од Тетекс, како и Јанкулов и Ефтимов од Борец се домашните фудбалери кои ова лето го засилуваат Силекс, а меѓу нив се и Србите, фудбалерот од средниот ред Петровиќ, напаѓачот Обадовиќ и централниот дефанзивец Маринковиќ.

Од клубот, како што е познато, си заминаа Танушев и Стојчевски во Гостивар, Каланоски и Спиркоски во Шкупи, Мартин Димоски во Детонит јуниор од Радовиш, како и Кристијан Додевски, кој е слободен играч.

Првиот пријателски натпревар Силекс ќе го има на 6. јули, на стадионот во Пехчево, против српскиот прволигаш Трајал од Крушевац, Србија.

Се вчитува...