Силекс има предност на полувремето над Динамо Минск во првиот меч од првото квалификациско коло во Лигата на Конференции кој се игра во Стара Загора (Бугарија). Кратовскиот тим поведе со гол од пенал во 42. минута.
Туре стартуваше над Пановски, по што судијата покажа на белата точка, а Хасукиќ беше сигурен реализатор на ударот од белата точка.
Претходно Силекс имаше уште две одлични шанси, најпрво преку Хасуниќ кој се обиде со лоб удар од 30 метри, а потоа и Донов кој по еден противнапад шутираше прецизно, но голманот на домаќините одбрани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
