Фудбалскиот клуб Силекс направи одличен гест за своите симпатизери пред почетокот на настапите во квалификациите за Конференциската лига.
Со цел да обезбеди што поголема поддршка на трибините, раководството на клубот соопшти дека за сите навивачи од Кратово ќе биде организиран бесплатен превоз и бесплатни влезници за првиот домашен натпревар кој ќе се одигра во Скопје.
Силекс денеска го дозна својот противник за првото квалификациско коло. Првиот дуел македонскиот претставник ќе го игра на гостински терен во Белорусија на 9 јули. Реваншот е закажан за 16 јули во Скопје, со почеток во 20 часот, кога се очекува кратовските навивачи масовно да го исполнат стадионот и да му дадат ветер во грб на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
