Силекс со минимален триумф над Динамо Минск на гости (ВИДЕО)

Пред пласман во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции е тимот на Силекс, откако вечерва славеше триумф од 1-0 на „гостувањето“ кај Динамо Минск. Натпреварот се одигра на неутрален терен, во Стара Загора (Бугарија) поради тоа што УЕФА не дозволува да се играат натпревари на територијата на Белорусија.

Сето тоа го искористи Силекс, и со гол од пенал во 42. минута од средбата, успеа да ја однесе победата. Туре стартуваше врз Пановски во шеснаесетникот, а прецизен од белата точка беше новото засилување Хасукиќ.

Кратовскиот тим можеше да слави и поубедлива победа, откако не искористи „златна“ шанса преку Донов. Во вториот дел кратовци ги неутрализираа сите напади на Белорусите, и на крајот дојдоа до триумф.

Реваншот е за четири дена во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Се вчитува...